639
Националистичка содржина на паролите на навивачката група на Шкупи, „Шверцери“, беа истакнати на вчерашниот фудбалски натпревар против Вардар, на стадионото во Чаир. Порачаа дека ќе го исполнат аманетот, „Скопје да биде срцето на Албанија“.
„Ќе го исполниме историскиот аманет Скопје да биде срцето на Албанија“ беше една од паролите.
Поддршка до убијците на членот на „Комити“ Никола Саздовски – Саздо, била испратена на натпреварот како уште еден голем скандал.
На навивачката група „Комити“ не ѝ беше дозволено да присуствува на натпреварот, кој беше прогласен за високоризичен.
Натпреварот го доби Шкупи со 2:0.