403
Во Кина денеска се пријавени два нови случаи на коронавирусот, додека провинцијата Хубеи, некогашно жариште на епидемијата, го одбележува 32-от ден без нов случај на оваа зараза.
Тоа се смета за најголемо достигнување во борбата на Кина против Ковид-19, додека што земјата ги олесни ограничувањата и полека се враќа во нормален живот, пренесува Би-Би-Си.
Денеска во цела Кина се пријавени два нови случаи, со што вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата изнесува 82.883, а починале 4.633 лица.