Процесот на европската интеграција на Македонија не е само бугарското вето, вели Муртезани

by irena 11:06
11:06

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани порачува дека процесот на европската интеграција на Македонија не е само бугарското вето и според него, процесот не е блокиран, тој е жив и продолжува во многу сегменти.

-Бугарското вето подразбира пречка за отворање на преговорите според Преговарачката рамка. ЕУ преку Планот за раст им овозможува пристап на граѓаните од Западен Балкан во услуги кои ексклузивно биле само за членките на ЕУ. Граѓаните може да бидат дел од бенефиции и поволности. Кога сме во делот на отворање на преговорите, секогаш сме покажувале спремност, но, за жал тендецијата на билатерализација ги потврдува нашите размислувања дека билатерализацијата ќе продолжи и понатаму, кажа Муртезани и додаде:

-Ние како Влада не се плашиме од барања, но, тие нови барања да не бидат билатерални и да не се претворат во блокади, кажа Муртезани.

Слични вести