Протокот Дарданели отворен за поморски сообраќај, локализиран пожарот

by Fokus

Поморскиот сообраќај е обновен по краткиот прекин во морскиот проток Дарданели во северозападна Турција поради шумски пожар, соопшти вечерва тамошното Министерство за транспорт.

Благодарение на интервенцијата на бројни авиони и хеликоптери, кои успеаја да го локализираат пожарот, турската крајбрежна стража вечерва повторно го отвори сообраќајот во теснецот на југ.

Во регионот на провинцијата Чанакале евакуирани се седум села, како и универзитетски камп, соопштија локалните власти.

Повеќе од 420 пожарникари се обидуваат да го стават огнот под контрола со помош на десет бомбардери со вода, соопшти турската агенција за управување со катастрофи АФАД.

Природната граница меѓу Европа и Азија, теснецот Дарданели го поврзува Егејското Море со Мраморното Море.

Провинцијата Чанаккале е популарна туристичка дестинација каде се наоѓаат урнатините на античка Троја

Поврзани новости