707
Ќе се прави дезинфекција на просторот и дворовите на градинките и ќе се поставуваат едукативни постери во овие установи.
Ова денеска го истакна министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција, во врска со почетокот на работата на градинките на 9-ти септември.
„Секоја установа треба да обезбеди доволно лична заштитна опрема и задолжително проветрување на просториите. Нема собирање на вработените во градинките. Тие треба да го следат здравјето на децата и нивната состојба. При влез во градинката, на секое дете ќе се мери температура и ќе ги мие рацете. Секој родител ќе треба да донесе лекарска потврда за состојбата на детето. Доколку родителот забележи симптоми на детето, не треба да го носи во градинка“, истакна Филипче.