Во Кривичниот суд по паузата продолжи објавувањето на прислушуваните разговори во предметот „Титаник“, така што досега објавени се 219 од вкупно 1.063 „бомби“.
Па, во разговор од мај 2011 година, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на шефот на кабинетот на експремиерот Никола Груевски – Мартин Протоѓер, му раскажува дека тогашниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Поп Арсов не бил популарен кај јавноста и да му дадат друга обврска, за да не оди со неа меѓу граѓаните.
– Тој е добронамерен, ама не е популарен – вели Јанкулоска.
На пет дена пред изборите, пак, Протоѓер ја прашува Јанкулоска дали ќе ги победат СДСМ со зборовите „ќе ги згазиме ли?“, а Јанкулоска се смее. Потоа, Протоѓер во контекст на аферата со списоците на Јанкулоска и вели:
„Ноќта на петти на А1 ќе им се мочам у уста“.