Противниците на корона-мерките во Германија на протести, полицијата очекува насилство

by Фокус

Активистите кои се противат на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот во Германија на социјалните мрежи ги повикаа следбениците ширум Европа да им се придружат во германската престолнина.

Истовремено, полицијата се подготвува за можно насилство на протестите во Берлин овој викенд. Повеќе од 3.000 полицајци ќе бидат на улиците, а доколку е потребно ќе употребат и водени топови, соопшти полицијата.

Првично, берлинските власти забранија неколку демонстрации на противници на мерките воведени во борбата против ширењето на коронавирусот планирани за викендот. Официјални лица изјавија дека демонстрантите најверојатно ќе ги прекршат правилата за држење растојание и носење маски.

Меѓутоа, судот во Берлин донесе пресуда дека протестите сепак можат да се одржат под одредени услови.

Поврзани новости