Кандидатот за претседател на турската опозиција Кемал Киличдароглу бара од поддржувачите „да се подготват за долга ноќ“, а луѓето кои работат на позиции на набљудувачи, да не ги напуштаат своите позиции.
Вечерва нема да спиеме луѓе мои, напиша тој на Твитер, повикувајќи ги задолжените за гласачките кутии да останат на своите места.
Тој ја предупреди изборната комисија дека „мора да обезбеди внесување податоци од провинциите“.
По пребројани 89,24 % од гласачките ливчиња, Ердоган има поддршка од 49,94 % од излезените гласачи, додека неговиот опозициски опонент Киличдароглу има 44,30 %. Во апсолутни бројки, станува збор за предност од околу 2,75 милиони гласа во земја во која право на глас имаат околу 64 милиони.
Излезноста на денешното гласање е исклучително висока – околу 89%.