По доделувањето на наградите на војниците во Кремљ, Владимир Путин кон средината на декември го објави она што сите го очекуваа: дека ќе се кандидира по петти пат на претседателските избори во Русија.
Спротивно на тоа, неколку недели претходно се случи целосно изненадување: ТВ-новинарка од Ржев, град со 60.000 жители на околу 200 километри западно од Москва, објави дека ќе се кандидира против вечниот владетел на Кремљ.
Екатерина Дунцова има 40 години, самохрана мајка на три деца и вели: „Денес ситуацијата во Русија е вака: оние кои би можеле да ги претставуваат граѓаните со демократски ставови на претстојните избори се или во затвор или им се ограничуваат правата, кривично ги гонат или ги принудуваат да одат во егзил.“ Дунцова сака да понуди вистинска алтернатива. Зошто жената да не биде претседател, како симбол на благост, љубезност и чувство“, прашува Дунцова во интервју за ДВ.
Има долг пат до кандидатурата. Владимир Путин е номиниран од неговата националистичко-конзервативна владејачка партија Единствена Русија. Дунцова нема своја партија. За да биде официјално регистрирана како кандидат, таа треба да собере 300.000 потписи до 31 јануари 2024 година, што не е лесна задача за жена која досега била активна само како политичар на регионално ниво.
Во однос на нејзиниот став за „специјалната воена операција“ во Украина, Дунцова, вели дека се залага за мир, но војната во Украина не ја нарекува војна. Таа внимателно ја мери секоја изјава што ја дава за да не го прекрши законот за „дискредитација на руската војска“, што може да резултира со долга затворска казна.
Дунцова досега немаше никакви последици, што ги наведе критичарите да заклучат дека таа би можела да биде лажен противник на Путин, кој со негово одобрение беше инсталиран да и даде на претседателската кампања изглед на вистински натпревар.