Каузата на обединетата опозиција е заминувањето на Еди Рама и формирање преодна влада.Тоа се два услова за кои нема преговори. Избори на 30 јуни без опозиција нема да има,ова е главната поента од обраќањето на лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша на вечерашниот голем протест на обединетата опозиција пред Владата во Тирана.
Тој го обвини премиерот Еди Рама дека со намерата да оди на избори без опозиција ја „носи земјата право во цивилен конфликт“.
-Рама жртвува се за една единствена цел, неговата власт. Поради оваа причина сака да ја однесе земјата кон неизбежен граѓански конфликт.Но, нека знае дека никогаш нема да ги скара ниту опозицијата а ниту Албанците,порача Баша.
Тој го развеа германското знаме,што според политичките аналитичари значи дека и верува само на Германија во напорите за решавање на политичката криза во Албанија.