Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) денес под мотото „Имаме должност“ излезе на најавениот сенароден собир во знак на протест против предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција за кои вели дека се сериозна закана за општеството.
Во знак на протест на собирот се дојдени и граѓани од други градови, а дел од нив со организиран превоз, тие со автобуси допатуваа до Скопје
Собирот е почна во 18 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Просторот пред соборниот храм е преполно со граѓани .
По пристигнувањето на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан и останатите владици и свештеници почна собирот. Тие испејаа молитва. На соборот е присутен и бискупот на Католичката црква во Македонија Киро Стојанов.