Матичарите го блокираа центарот – колони возила и свирежи

by fokus

Протестот на вработените од Управата за водење на матични книги пред зградата на „Нова Македонија“ каде се наоѓа седиштето на Управата, го бликираше центарот на Скопје. Веќе два часа не се пропуштаат возила кон булеварот „Кирил и Методиј“, „Климент Охридски“ и Комплекс клиники, па се создадоа колони возила коишто постојано свират.

Претседателот на Синдикатот Тони Милошески изјавил дека ќе протестираат до 17 часот затоа што вработените се револтирани по најавите дека ќе им бидат скратени платите за периодот додека штрајкуваат.

– Дел од вработените земаат минимална плата од 18.000 денари и ако уште тие им се скратат, тогаш што ќе им остане. Меѓу вработените има и самохрани родители, рече Милошески.

Штрајкот во Управата за водење на матични книги трае веќе пет недели. Синдикатот успеа со раководството на Управата да ги усогласи во најголем дел ставовите околу новиот колективен договор кој треба да се потпише на ниво на работодавач. Со колективниот договор усогласена е исплатата на К-15 во висина од 50 проценти од просечната плата, исплата на работа во сабота и јубилејните награди. Останува барањето на синдикатот за зголемување на платите за 30 проценти.

Поврзани новости