Протестирам: Нови протести пред Влада во 18 часот

by Фокус

Нов протест во 18 часот ќе се одржи пред Влада, информираа од движењето „Протестирам“. По дводневната жалост за конфликтот во Куманово каде загинаа осум полицајци, денеска прв пат се одржува протест на ова движење, откако претходно во два мирни собири граѓаните од „Протестирам“ оддадоа почит на жртвите во Куманово.

„Протестирам“ од 5 мај наваму започна да излегува на протести секој ден во 18:00 часот, откако во јавноста изгледоа снимки од таканаречените бомби на опозициската партија СДСМ, каде се слушаат разговори на повеќе владини функционери со обиди за наводно заташкување на случајот Мартин Нешковски.

Од таму велат дека тие се граѓанско движење за мир, правда, демократизација на институциите и оставка и одговорност на сегашната Влада. Нивните барања се:

1) итна оставка и преземање одговорност на целата Влада;
2) итно ослободување на сите активисти притворени од 5 мај наваму;
3) формирање на Влада за демократизација на институциите.

 

Поврзани новости