Протести за соживот меѓу Израелците и Палестинците

by fokus

Илјадници демонстранти синоќа излегоа на улиците на Тел Авив барајќи соживот на Евреите и Арапите.

Ова е само еден од протестите во бројни градови во Израел, со кои се бара мир меѓу Израелците и Палестинците по 11-дневниот вооружен конфликт.

Лидерот на највлијателната арапска партија во Кнесетот, Ајман Одех, повика на формирање палестинска држава покрај Израел.

Познатиот израелски писател Дејвид Гросман, пак, истакна дека битката што се води денес не е борба меѓу Арапите и Евреите, туку, како што рече, меѓу оние кои од двете страни се обидуваат да живеат во мир и во чесна соработка и оние кои и на едната и на другата страна се хранат со омраза и насилство.

Истовремено, Советот за безбедност на ОН ја повика на постигнување сеопфатен мир заснован на визијата за блискоисточен регион со две демократски држави – Израел и Палестина.

Поврзани новости