Протести за останување на Словачка во ЕУ и смена на премиерот Фицо

by Фокус

Денес се одржаа протестни собири во неколку словачки градови со цел да се нагласи потребата Словачка да остане во Европската унија и да се бори за демократските вредности.

„Словачка не може да молчи кога нејзината иднина е загрозена. Наша должност е да застанеме во одбрана на вредностите што ја дефинираат Словачка како слободна и демократска земја“, порачаа граѓаните.

Граѓаните протестираа против „проруската надворешна политика на Словачка“ и повторно побараа оставка од владата и премиерот Роберт Фицо.

Граѓански марш е најавен и во Лученец каде организаторите на собирот „Граѓанска иницијатива Лученец“ изјавија дека сакаат просперитет на општеството и функционална држава, со „придржување до правилата на демократска и правна држава , пристојност, чесност и професионалност на избраните претставници, вклучително и почитување на правилата за мирен соживот.“

Во Трнава се собраа околу 1.500 демонстранти, кои го повторија барањето за оставка на Фицо и порачаа дека Словачка е Европа. За следната недела во тој град е најавен уште еден протест.

Поврзани новости