Протести во Турција – струјата е човеково право

by fokus

Главната опозициска партија во Турција денеска ги поддржа протестите воз целата земја поради зголемувањето на цените на енергијата за повеќе од 50 отсто од почетокот на годината.

Инфлацијата во Турција во јануари изнесуваше 48,69 отсто, што е највисока во последните 20 години, откако цената на струјата, гасот и патарините пораснаа на почетокот на годината.

– Струјата е човеково право. Тоа мора да биде достапно, изјави за новинарите Али Хикмет Акили, лидер на Републиканската народна партија во Анкара.

Во знак на протест против поскапувањето на електричната енергија, голем дел од баровите, рестораните и продавниците на своите излози ги закачија сметките за струја.

Поврзани новости