Под мотото „Албанија во опасност – Не вели што ќе ми е мене“ организиран од Сали Бериша, вечерва пред Владата во Тирана се одржа масовен антивладин протест.
На протестот куси обраќања имаа повеќе граѓански активисти, педагози, актери и млади лица, кои без исклучок побараа рушење на владата на Еди Рама, за кого рекоа дека е најголемиот виновник за сиромаштијата и депопупацијата на населението.
„Албанија е во опасност и треба да ја спасите. Еди Рама – ти си непријател затоа што твојот идеал е власт и само власт, а мојот и на граѓаните е слободата. Никогаш нема да ти простиме што ги ограби државата и граѓаните. Ти ја посакуваш власта само за богатење, а јас за слобода и враќање на достоинстото на Албанците. Овде сме зашто не можеме да трпиме повеќе, рече Бериша, кој не го поштеди актуелниот премиер Рама од погрдни зборови и обвинувања, нарекувајќи го „европски разбојник и вазал на Србија“.