Протести во Подгорица против новата власт

by Fokus

На улиците на Подгорица се собраа граѓани, кои носат црногорски државни знамиња, а главно место на собирот е Плоштадот на независноста.

Собирот започна во 19 часот, а го најавија, како што се нарекуваат, црногорските патриотски организации, без наведување на имиња или конкретни организации кои стојат зад собирот.

Повикот за митингот, се појави на социјалните мрежи пред неколку дена, а следува по минатонеделниот пораз на ДПС на Мило Ѓукановиќ на парламентарните избори. Во поканата, под знамето на Црна Гора, стои: „Црна Гора те повикува, немаш изговор“.

На протестот забележливо е полициско присуство. Голем број од насобраните луѓе се во локалите во Негошева улица.

Од Управата на полицијата не соопштија дали собирот во Подгорица е пријавен, како и тоа дали е одобрен и кој го пријавил.

Протестот се одржува и покрај забраната за собири, поради епидемијата на коронавирусот.

Поврзани новости