Претставници на курдската заедница во Франција денеска се собраа во центарот на Париз за да побараат одговори на прашањата поврзани со убиството на тројца Курди во францускиот главен град. Според француски медиуми демонстрантите фрлаа кон полицијата.
Протестот на Плоштадот на Републиката во источниот дел на Париз помина со инциденти.
Некои учесници фрлаа клупи, остриги и корпи за отпадоци и се судрија со полицијата, по што полицијата употреби солзавец.
Нападот ја потресе курдската заедница во француската престолнина и ја стави полицијата во состојба на готовност за божиќниот викенд.
Шефот на париската полиција на 24 декември се сретна со припадниците на курдската заедница за да се обиде да ја смири ситуацијата.
Вооружен маж ги изврши убиствата во курдскиот културен центар и соседното кафуле вчера во Париз, во раздвижениот централен дел на градот.
Полицијата уапси 69-годишен маж за кој властите велат дека неодамна бил ослободен од притвор во очекување на судењето за напад со сабја во камп за мигранти во Париз пред една година.
Откако разгневената толпа се судри вчера со полицијата, Курдскиот демократски совет во Франција повика од својата веб-страница и социјалните мрежи за денешниот митинг.