(Видео) Протести во Нови Сад: демонстрантите истурија фекалии врз Градското собрание

by Fokus

Демонстранти ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад. Беа запалени факели, а полицијата фрли солзавец за да ја растера толпата која се обидуваше да влезе внатре.

На самиот почеток на протестот негде по 18 часот, насобраните граѓани со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите од несреќата на Железничката станица во Нови Сад.

Меѓу присутните се советници од опозицијата, претставници на студентските организации „Борба“ и „Свиќе“…

Актерката Весна Печинар одржа говор во кој ја повика власта и побара одговорност. Таа ги повика насобраните да почнат со прошетка до Градското собрание.

Како што рече единствениот говорник на овој протест, неопходна е одговорност за трагедијата на Железничката станица на 1 ноември, барајќи оставка од поранешниот министер Томислав Момировиќ, како и од премиерот Милош Вучевиќ и претседателот Александар Вучиќ.

Пред протестот се случи бунт пред просториите на СНС во Нови Сад, кога студенти од неформалните организации „Свиќе“, „Борба“ како и Миран Погачар од движењето „Браво“ истурија боја на излозите, симнаа неколку закачени знамиња и залепија плакати со сликите на министрите и премиерот.

Демонстрантите стигнаа до Градското собрание во строгиот центар на градот. Неколку фрлаат боја и камења на влезот. Забележливо е силно присуство на полицијата.

Како што пренесуваат српските медиуми, демонстрантите истуриле фекалии врз Градското собрание, порачувајќи дека тоа е перформанс бидејќи власта, фигуративно, „со години нè храни со фекалии“.

Поврзани новости