Во Холандија се одржаа протести поради делумното заклучување, а со цел спречување на ширењето на коронавирусот.
Демонстрантите во Хаг изразија незадоволство поради новите мерки што ги соопшти вчера премиерот Марк Руте.
Протестите станаа насилни, искршени се стаклата на главната железничка станица, а демонстрантите фрлаа стаклени шишиња и цигли кон полицијата. Оштетени се неколку продавници.
Полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстантите.
Со новите мерки, кои ќе бидат на сила во следните три недели, супермаркетите и рестораните ќе работат со скратено работно време, а повторно ќе се воведат мерки за социјална дистанца. Не се препорачуваат повеќе од четворица посетители на домовите и би било препорачливо да се работи од дома секогаш кога е можно.
Големите спортски настани ќе се играат без публика, вклучувајќи го и квалификацискиот натпревар за Светското првенство меѓу Холандија и Норвешка следната недела.