Во Белград во тек е вториот протест „Србија против насилството“, организиран од неколку опозициски партии.
Откако беа прочитани барањата на протестот, поворката тргна да пешачи, a блокиран е мостот Газела, пренесуваат српските медиуми.
Српското МВР ги извести организаторите дека блокирањето на автопатот и мостот Газела е забрането и подлежи на прекршочна и кривична одговорност, а полицијата соодветно ќе постапи.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека полицијата нема да поставува кордони и дека ќе дејствува само доколку се во прашање човечки животи.
Првиот протест „Србија против насилството“, кој се одржа во понеделникот на 8 мај, собра, според организаторите, 50.000 луѓе.
Организаторите на протестот и се заблагодарија на полицијата бидејќи на тој собир се однесувале согласно законот и ги повикаа припадниците на полицијата на ист начин да се однесуваат и на денешниот протест.