299
Низ Израел се одржуваат собири и демонстрации со барање за ослободување на околу 240 заложници кои ги држат Хамас и другите милитантни групи во Газа од 7 октомври.
Главниот митинг се одржува во Тел Авив, каде што учествуваат илјадници луѓе, објави „Тајмс оф Израел“. Други собири се одржуваат во Ерусалим, Виршева, Јокнеан, Кфар Саба и многу други места.
Израел објави дека има две цели во војната против Хамас – уништување на воените и управувачките способности на милитантната терористичка група по смртта на 1.200 луѓе на југот на Израел на 7 октомври и враќањето на сите заложници заробени тој ден.