582
Во Скопје се одржа нов протест против поскапување на цената на струјата. Организаторите со собраа во паркот Чаир, па продолжија пред Владата.
Тие бараат поништување на одлуката за поскапување на цената на електричната енергија, намалување на ДДВ за струја од 18 на 5 отсто, укинување на Регулаторната Комисија за енергетика и формирање на ново арбитражно тело што ќе ја контролира услугата на енергетските компании.
Тие велат дека има најави за средба со претставник од Владата следната недела и воедно бараат средба и со парламентарците, најавувајќи радикализација на протестите ако не бидат прифатени нивните барања.
Денеска протести се одржаа и во Гостивар, Тетово, Куманово, Кичево, Прилеп…