Илјадници студенти излегоа на улиците во повеќе грчки градови, а некои демонстранти во Атина се судрија со полицијата. Протестите во Грција се интензивираа неколку дена по најсмртоносната железничка катастрофа во земјата, објави грчкиот весник „Катимерини“.
Најголемиот протест вчера се случи во централниот грчки град Лариса, недалеку од местото на несреќата, каде мирно маршираа неколку илјади луѓе.
Во Атина, полицијата за борба против нереди пред парламентот употребила солзавец и шок-бомби за да растера мал број демонстранти кои фрлале врз нив молотови коктели, запалиле корпи за ѓубре, провоцирајќи ги полициските кордони. Нема информации за уапсени или повредени.
Судири се случиле и во вториот по големина град во земјата, Солун, пренесе „Катимерини“.