580
Околу 40.000 граѓани на Австрија излегоа на протести низ градовите против мерките за корона вирус и плановите вакцинацијата да стане задолжителна.
Најголемите демонстрации се одржаа вчера во Грац, каде, според полициски извори, марширале 30.000 луѓе извикувајќи „Мир, слобода, без диктатура“.
Се протестираше и во Сент Поелтен, Клагенфурт и Инсбрук. Протестите главно беа мирни, но многу луѓе не носеа маски.
Австриската влада сака во февруари да воведе задолжителна вакцинација за сите, а предлог-законот ќе биде претставен во втората недела од декември. Од минатиот понеделник, карантинот е во сила низ целата земја.