Низ цела Романија и во романската дијаспора денеска се одржуваат митинзи наречени „ЕуРоМанифест“ во организација на над 40 здруженија кои поддржуваат документ насловен „Манифест за Европа“ во кој е наведена потребата од посилни врски на Романија со Европската Унија, а против каков било сојуз или партнерство со Русија.
Како што пренесува Јуроњуз Србија, во Букурешт демонстрантите скандираат „Романија-Европа“ и носат знамиња на Романија, Украина и на Европската Унија.
-Дојдовме да ја поддржиме оваа продемократска, проевропска идеа. Не ја сакаме крајната десница, изјавил еден од демонстрантите.
Манифестот којшто го напишал писателот Раду Ванку нагласува дека „Романија којашто им ја оставаме на нашите деца мора да биде еднакво добра како Романија којашто ние ја добивме. Не диктатура. Не автократија. Не нелиберален режим. Туку демократија: несовршена, но способна за усовршување“.
Романија со месеци ја тресе политичка криза поврзана со изборниот процес кој, според мислењето на романската десница, беше компромитиран со одлуката на Уставниот суд на Калин Ѓорѓеску да му се забрани претседателската кандидатура.