Иницијативата „тргни-промени“ и денесka организираше блокада на патишта и мостови на десетина локации во Белград и во повеќе од 50 градови во Србија.
Протестите се организираа со барање за ослободување на сите уапсени во претходните протести, повлекување на законот за експропријација и измени на законот за референдум. Беа забележани неколку инциденти и провокации, меѓу кои и фрлањето на факели на група од 20 маскирани лица од мостот газела врз демонстраните.
Најтензично беше во Нови Сад, каде четворица студенти беа нападнати и претепани од триесетина млади момчиња, сите облечени во црно.
На блокадите немаше видливо присуството на унифомирираната полиција. Од српското МВР блокадите ги оценија како незаконски, а одговорноста за инцидентите ја префрлија кај организаторите..
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој беше на средба со граѓаните во околината на Лозница, заради изградба на рудникот за литиум на Рио Тинто, изјави дека нема да го укине законот за референдум, наведувајќи дека Србија нема да ја водат оние кои нема да победат на изборите.