Протестен марш во Скопје поради загадениот воздух

by Fokus

Коалицијата Зелен хуман град (ЗХГ), на 10 декември оваа година организира протестен марш за чист воздух.

Како што соопштија, маршот ќе започне во 16 часот, од Министерството за животна средина преку Собрание и ќе заврши пред Владата.

– Протестираме бидејќи секоја година во Македонија се бележат околу 3.828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките PM2.5, кои се меѓу најштетните за здравјето. Тоа изнесува 17.7% од вкупната смртност во државата. Овие честички се поврзани со широк спектар на здравствени проблеми, како што се белодробни заболувања, срцеви удари и рак на белите дробови – велат од коалицијата.

– Сѐ што треба е само да дојдете и да застанеме рамо до рамо за чист воздух! Скопје мора да дише! Македонија мора да дише – порачаа од ЗХГ.

Поврзани новости