Протестен марш: Ука, бука, оди си Никола!

by fokus

Коалицијата „Граѓаните за Македонија“ вечерва во 18:00 часот пред Владата на Република Македонија ќе одржи протестен марш наречен „УКА, БУКА, ОДИ СИ НИКОЛА!“

Според оваа асоцијација, премиерот Никола Груевски девет години владее со Македонија, притоа, како што се наведува, остварувајќи низа кривични дела и низа политички злодела.

Во повикот до граѓаните се наведува да се понесат тенџериња, капаци од тенџериња, лажици, пластични туби и други предмети што создаваат бучава со цел Премиерот Никола Груевски да разбере дека треба да си замине од функцијата.

Маршот ќе започне пред Владата и ќе заврши пред резиденцијата на премиерот на Водно.

Поврзани новости