На вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ на граничниот премин „Табановце“, еден од протестантите нападнал полициски службеник.
Според полицискиот билтен, вчера во времето од 17,00 до 18,00 часот на граничниот премин “Табановце“, во организација на политичката партија ВМРО ДПМНЕ се одржал јавен собир. Во текот на собирот, околу 17,20 часот додека полициски службеник од СВР-Куманово, ги обавувал службените задачи, во еден момент Ф.Ф. (42) од Куманово кој учествувал во протестот се приближил до кордонот и со рака го удрил полицискиот службеник во пределот на лицето, односно по левото око. Ф.Ф. бил приведен во СВР-Куманово, додека полицискиот службеник бил пренесен во Јавната здравствена установа-Куманово каде бил задржан на лекување.
Во текот на денешниот ден против Ф.Ф. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.