551
Преку социјалните мрежи граѓани се организираат да излезат денеска во 14 часот на протест на Камени мост во Скопје поради преквалификацијата на делото во случајот со смртта на малиот Алмир во Куманово.
„Обвинителите го убиваат Алмир по втор пат?!“, „Правда за Алмир“ и „Убиство, а не сообраќајна несреќа“, се дел од написите на социјалната мрежа Фејсбук каде се најавува денешниот протест.
За убиството на малиот Алмир му се суди на Бобан Илиќ. Осомничениот се товари дека го прегазил четиригодишниот Алмир на улицата „Борис Кидрич“.
За истиот настан против три други лица, инаку, таткото на детето, Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“.