488
Група граѓани преку социјалните мрежи се собираат на протест наредниот вторник, на 24 февруари во 12 часот револтирани од смртта на малата Тамара Димовска од Велес, која почина чекајќи го решението од Фондот за здравство, за да замине на операција во Турција, која чинеше само 30.000 евра.
Ваквата вест е објавена на страната „Оставка за Никола Тодоров“, која досега има повеќе од 17.000 поддржувачи. Граѓаните планираат мирниот протест да го започнат од пред Фондот за здравство, а да заврши пред Министерството за здравство каде сите присутни ќе повикаат на одговорност за смртта на 9-годишното девојче, ќе побараат оставка и ќе му дадат црвен картон на првиот човек во здравството.