Жителите на Зрењанин вечерва по втор пат упатија силна порака дека се против севкупното насилство во државата и дека сакаат политички промени.
На протестот „Зрењанин против насилството“ беше речено дека Србија е земја на сите нив и на нивните деца и дека уцените мора да престанат.
На насобраните во „Паркот на бакнежи“ во Зрењанин беа прочитани барањата, меѓу кои е смена на советот на Регулаторното тело за елекѕтонски медиуми (РЕМ), затворање на печатените медиуми и таблоиди со лажни вести и одземање на националните фреквенции од телевизиите. кои ги залудуваат граѓаните.
Барањето е итно укинување на емисиите кои промовираат расизам и неморал на телевизија со национална фреквенција, институционална одговорност и разрешување на министерот за полиција и првиот човек на Националната служба за безбедност (БИА), како и итна седница на Народното собрание на која ќе се разгледува одговорноста на Владата на Србија и безбедносната состојба во земјата.