Протест во Загреб: „Страв ни е да се вратиме во училиште“

by Fokus

Во центартот на Загреб вечерва се одржува протест со цел да се зголеми безбедноста во училиштата по нападот во петокот, кој што ја шокираше и згрози цела Хрватска. Во нападот беше убиено едно дете, а наставничка и неколку други деца беа тешко повреден. Протестот го организираат три училишни синдикати, кои ја поканија јавноста да им се придружи.

„Јас сум мајка на четири деца, по професија учителка, го напуштив училиштето поради нерешлива ситуација, имаш чувство дека работиш и се трудиш за доброто на децата, но овој систем тоа не го разбира, не ги разбира тешкотиите во работата со децата“, изјави една наставничка која дојде на протестот.

„Запалив свеќа за убиеното дете, за мојaтa колешкa, за сите нас… Сакаме да пренесеме дека сакаме побезбедно место за живеење на нашите деца, и во училиштата и во другите институции. Се плашам да се вратам на училиште“, изјави една од учесниците на протестот.

„Се случи страшна трагедија за општеството. Ова е спомен на еден млад живот. Има одговорни луѓе во општеството кои треба да се однесуваат многу повнимателно. Пораката е – со насилство не можете да постигнете ништо”, изјави еден демонстрант за Индекс.

Здравствената состојба на сите повредени во нападот во основното училиште „Пречко“ во Загреб е добра, помладите пациенти се опоравуваат на одделенијата каде што им е дозволено постојано да бидат со родителите.

Поврзани новости