662
Во Загреб попладнево започна голем протест против ковид потврдите и епидемиолошките мерки, пренесуваат локалните медиуми. Демонстрантите се собраа на две места и излегоа на протестна прошетка низ улиците на главниот град на Хрватска.
Собирот на граѓани започна на плоштадот на Француската Република и на плоштадот на жртвите на фашизмот, а според проценките околу 15 часот на двете локации имало неколку илјади граѓани.