Протест во Скопје – ,,Секој еден, да не биде следен“

by fokus

„Секој еден, да не биде следен“ порачаа денеска граѓаните на протест на крстосницата пред Зоолошката градина во Скопје. Посочија и дека безбедноста на скопските улици е на многу ниско ниво и тоа треба да се промени.

Протестот го организираше иницијативата „Кој е следен“, оформена по смртта на 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино која минатата недела беше прегазена поминувајќи на пешачки премин откако беше удрена од автомобилот со кој управуваше Васил Јованов.

Според присутните на протест, безбедноста во сообраќајот не е прашање на избор, туку неопходност. Прашаа каде е коренот на се почестите сообраќајни несреќи, но и што значи и како се доаѓа до безбеден град.

Според Игор Антов од иницијативата „Кој е следен“, и покрај полициското присуство на улиците и камерите на семафорите, потребен е и функционален јавен превоз што би ги намалил возилата во сообраќајот, подобра сигнализација, како и законски измени што ќе ја подогнат свеста на учесниците во сообраќајот.

Поврзани новости