Протест во охридско поради „Лев Тахор“

by Fokus

Протест против групата Лев Тахор се одржа во охридското село Ласкочереј и Епрем, а жителите  бараат нивно заминување од хотелот.

Сопственикот на хотелот во кој е сместена групацијата Лев Тахор вели дека таму се привремено и дека ќе си заминат, но жителите не се согласуваат со него и инсистираат групата да си замине, веднаш.

„Оваа група е ожигосана и опечатена, бараме да се дислоцираат од тука, не ги чепкаме, не ги вреѓаме. Им кажавме да не слегуваат во селово“, велат тие.

Поврзани новости