Протест во Косовска Митровица против Заедницата на српски општини: „Не сакаме Косово да стане Босна“

by Fokus

Во пресрет на утрешниот состанок во Брисел помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, во јужниот дел на Косовска Митровица се одржа протест против формирањето Заедница на српски општини (ЗСО) што е едно од клучните барања на Белград.

Косовските медиуми јавуваат дека протестот го организирал поранешниот градоначалник на Јужна Митровица, Агим Бахтири.

Тој протестот против ЗСО го најави пред два дена на Фејсбук со повик до граѓаните да се соберат и да покажат „стоечки отпор“ за заштита на територијата на Косово.

Бахтири денеска по завршувањето на протестот, јавува „Нова.рс“, повторно се огласи на Фејсбук и се заблагодари на одзивот. Вели дека пораката што ја испратиле била „јасна и точна“.

„Не сакаме заедница која од нас ќе направи Босна. Република Косово е независна, суверена и демократска држава и секогаш ќе биде така“, порачува тој.

 

Поврзани новости