Битолчани попладнево излегоа на протест за чист воздух, организирани од независната советничка група Поинаку, објави порталот СДК. Протестот се одржа пред Општина Битола, а околу 150 битолчани побараа да се преземат мерки за намалување на аерозагадувањето и субвенционирана цена на струјата.
„Податоците велат дека во Битола бројот на заболени од белодробен карцином во моментот е 2,5 пати поголем од она на централно ниво. Бројот на заболени деца од малигни неоплазми е загрижувачки, додека концентрацијата на ПМ 10 честичките секој ден во Битола е над дозволеното ниво. Излеговме да го искажеме нашиот револт за она што и се случува на Битола“, рече Грабриела Илиевска, советничка од Поинаку.
Советникот Иван Чулакоски рече дека очекувале поголемо присуство на битолчани, но се соочиле со политички опструкции.