Граѓани заедно со независниот полициски синдикат со протестен парш во Битола побараа ослободителна пресуда за полицаецот Гоце Петковски кој е осуден на една година затвор за прекумерна употреба на сила врз припадник на ромската заедница.
-Сето тоа што се случуваше, сето што го видовме на снимки, говори дека само ослободителна пресуда е пресуда која ќе биде правична и Гоце ќе треба да си продолжи со работа и да ги штити граѓаните. Не може некој за убиство на човек да биде осуден 6 или 7 месеци, а некој поради ништо на една година затвор, рече Гоце Делчев Тодев, претседател на Независниот полициски синдикат.
Инцидентот се случи лани во септември кога обвинетиот полицаец при обезбедување на место на сообраќајна несреќа, го совладал Невзад Јашаровски го турна на земја и го удираше со клоци и тупаници по главата и телото.
Јавноста дозна за полициската бруталност по објавување на аматерски видео клип направен со мобилен од случаен минувач. Судот констатираше дека полицаецот употребил прекумерна сила и го понижил Јашаровски. Тој не ја зеде предвид околноста дека Јашаровски бил под дејство на алкохол и се однесувал агресивно.