Вечерва во 18 часот во Белград пред парламентот почнува голем протест наречен „Србија против насилството“. Протестот се одржува како реакција на двата неодамнешни масакри во таа земја. Во првиот 13-годишен ученик во училиште во Белград застрелал осум негови соученици и училишен чувар. Во втората, 21-годишниот Урош Б. со истрели од автоматска пушка во Младеновац и околината уби осум лица.
Граѓани и претставници на опозицијата ќе се соберат пред зградата на парламентот, а потоа ќе се организира мирна прошетка до Владата на Србија.
Претставниците на опозицијата ќе постават црна крпа на скалите на зградата на Собранието, а потоа ќе тргнат на мирна прошетка со граѓаните што ќе поминат низ плоштадот Никола Пашиќ и улиците Крал Милан и Кнез Милош до зградата на владата. Никој од опозицијата нема да зборува на митингот, јави Нова.рс.
Беа истакнати повеќе барања, чија цел е да се намали нивото на насилство во Србија. Најпрво, од властите се бара да го отстранат раководството на РЕМ (регулаторното тело за медиумите) и Радиотелевизијата на Србија, како и конфискација на националната фреквенција на телевизиските станици Пинк и Хепи, како и забрана на таблоидите кои промовираат насилство.