940
Жителите на Бардовци го блокираа влезот на селото бидејќи на 100 метри од селото ќе се гради прифатен центар за странци.
Тие велат дека ниту еден претставник на општина Карпош или некоја државна институција не ги информирал за намерата да се изгради центар за странци, кој, според нив, ќе го загрози нивниот мир и безбедност.
Тие бараат итен состанок со надлежните и да се праша населението по пат на референдум дали се за или против изградба на ваков центар.