915
Со слогани против вакцините и задолжителната ваквинација, против Владата и грчкиот премиер, но и против новинарите, стотици граѓани, без маски, дистанца и било какви заштитни мерки, денеска протестираа пред грчкиот Парламент.
Поради навредливите слогани и неколку фрлени предмети, новинарските екипи со помош на полицијата беа принудени да се засолнат за да се избегнат дополнителни инциденти.
Иако демонстрациите беа против вакцините и имунизацијата, сепак не изостанаа и радикални и националистички слогани.