Протест во Анкара и Истанбул по падот на турската лира

by Fokus

Истанбул и Анкара синоќа беа зафатени со спонтани протести по големата девалвација на турската лира, пренесуваат медиумите во таа земја.

Демонстрантите извикувале слогани барајќи владата да поднесе оставка и владејачката партија да се повлече.

Турската валута денеска имаше пад од 11,37 на 13,21 лири за долар.

Како што анализираат финансиските аналитичари тој голем пад за еден ден е најголем во последните две децении.

Тие потсетуваат дека од јануари годинава турската валута загуби 70 отсто од вредноста.

Минатата недела Централната банка ја намали каматната стапка, како мерка за стабилизација на валутата.

 

Поврзани новости