865
Вечерва се одржа протест пред Собранието, откако министерот за здравство Венко Филипче најави дека Комисијата за заразни болести ќе препорача на Владата да ја усвои мерката задолжителна вакцинација за здравствени работници, а вработените во јавниот сектор да мора да имаат сертификат за најмалку една примена доза, негативен ПЦР тест или документ за прележан Ковид 19, за да дојдат на работа.
Низ пораки против вакцинацијата, додавајќи дека никој не може да ги натера на присилна вакцинација и имаат право на слободен избор.
„Терапијата против ковид е смрт, вакцината е отров, Бил Гејтс сака да изврши депопулација на планетата“. Вакви беа пораките и теориите на заговор испратени вечерва од пред Собранието.