632
Денеска на пладне, пред апелациониот суд во Скопје, ќе се одржи протест против затворањето на новинарот Томислав Кежаровски, кој потоа треба да се пресели и пред владата.
Апелот на новинарските здруженија го прифатија повеќе граѓански организации, а го поддржаа и меѓународните новинарски асоцијации.
Апелација му ја намали казната на Кежаровски од четири и пол на две години затвор, но новинарските здруженија сметаат дека единствената праведна пресуда е ослободителната, бидејќи новинарот нема никаква вина.