Пред Собранието се одржува протест, на кој стотина граѓани протестираа против воведувањето на новите порестриктивни мерки за справување со пандемијата, но и против вакцинацијата.
Извикувајќи „Сакаме слобода“, со транспарентни „ Врати ни ја слободата“, „Мое тело Божја сопственост“ и слично, тие повикуваа на масовна поддршка.
Тие побараа политичарите на чело со премиерот Зоран Заев прво да се вакцинира со вакцина што тие ќе му ја одберат и да гарантира дека од вакцините никому ништо нема да му биде 4 години, како предуслов и тие да се вакцинираат.
Не изостанаа и политички пораки, со оглед дека дел од демонстрантите порачаа дека актуелната влада го продала името, ја украла историјата, а сега, како што велат, сакаат да им ја земат слободата и човековите права.
Додека говореа дел од присутните, останатите извикуваа и навредливи зборови на адреса на Владата и бараа оставка од премиерот Заев и министерот Венко Филипче.