По победата на Александар Вучиќ на претседателските избори во Србија, вечерва во Белград околу 10 илјади граѓани излегоа на протест. Протестот насловен „Протест против диктатурата“ почна во 18 часот пред Собранието, а кое беше гаѓано со јајца.
Бројот на полицајците се зголеми, но се зголемуваше и бројот на граѓани, главно млади и студентите. Од Собранието, граѓаните тргнаа кон Владата, каде кратко се задржаа.
Главни скандирања на протестот беа „Ги украдовте изборите“, „Излегувајте надвор“ и „Вучиќ педер“, како и имитирање на лаење „Ав, ав“, односно иницијалите на Александар Вучиќ, кои беа и негов симбол во изборната кампања.
ФОТО: Мирослав Драгојевиќ