505
Политичката партија „Демократи“ за вечерва во 19 часот најави протест пред македонската Влада.
Како што информираат од партијата, ќе протестираат „против криминалот и корупцијата кој ја уништува македонската држава, го осиромашува народот и ги уништува животите на нашите деца, внуци, фамилии и сограѓани!“
32 години криминалот и корупцијата е креиран, поддржуван, потикнуван и спроведуван од владејачките криминални партии на СДС-ДПНЕ-ДУИ, нивните полтронски приврзоци и нивните злосторнички криминални банди! – велат од партијата „Демократи“.